Поранешен руски разузнувач затруен со „непозната супстанца“ во Велика Британија
Поранешниот руски разузнувач Сергеј Скрипал, кој живее во Велика Британија, се наоѓа во критична состојба откако бил во допир со „непозната супстанца“.
Како што јави Би-Би-Си, труењето на 66-годишниот Скрипал се случило во трговски центар во местото Салисбери во областа Вилтшир во југозападна Англија.
Заедно со Скрипал била затруена е една жена, но полицијата не го соопшти нејзиниот идентитет.
Скрипал е пензиониран полковник на руската разузнавачка служба. Тој во 2006 година во Русија беше осуден на 13 години затвор под обвиннеие за шпионажа во корист на Велика Британија. Во 2010 година беше разменет за руски шпиони, по што доби азил во Велика Британија.
Ова е втор случај на труење на поранешен руски агент во Велика Британија. Во 2006 година на 43-годишна возраст во Лондон почина поранешниот руски разузнувач Александар Литвиненко, откако беше затруен со радиоактивен полониум. Литвиенко пребега од Русија во Велика Британија, по што стана еден од главните критичар на Кремљ.
Британските власти за смртта на Литвиненко ги обвинија Русите, Андреј Луговој и Димитриј Ковтун, кои ги отфраат обвинувањата и негираат дека го убиле.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега