Поранешен работник на Мекдоналдс објавил хорор фотографии од кујната: „Еве што јадете“
Корисникот на Твитер потпишан како “@PhuckYouNick” на оваа социјална мрежа ги срушил соништата на сите оние кои сѐ уште мислат дека во McDonald’s сѐ е совршено.
Покрај фотографијата од нешто навистина одвратно, тој напишал дека така изгледа внатрешноста на машината од која го добиваат McFlurry-то.
Ова е фотографијата која ја објавил на својот Твитер профил, а таа досега е споделена 13.000 пати. Покрај овие фотографии тој споделил уште неколку за кои тврди дека се фотографирани во внатрешноста на McDonald’s.
Фотографиите ги објавувал од 14-ти до 21-ви јули, но британските медиуми дури сега одлучиле да се позанимаваат со нив. На коментарот на еден корисник “дека останал без работа поради фотографиите”, @PhuckYouNick потврдил дека повеќе не работи тука, но дека е среќен заради тоа.
– Управителката на синџирот ресторани ми се закани дека ќе се обрати во полиција поради клевета. Ве молам, клеветата е лага, овие фотографии се вистината – напишал тој.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта