Поранешен грчки министер почина од Ковид-19
Поранешниот грчки министер од ПАСОК и поранешен пратеник од истата партија, а подоцна и од Движење на промена, Димитрис Кремастинос, по 44 дена, утрово ја загуби битката со новиот коронавирус и почина на 78 годишна возраст, јави дописничката на МИА од Атина.
По професија кардиолог, Кремастинос беше личен лекар на основачот на ПАСОК Андреас Папандреу, но и министер за здравство и социјално осигурување во неговата влада во периодот од октомври 1993 година до јануари 1996 година.
Беше пратеник во грчкиот Парламент 14 години, прво од редовите на ПАСОК, а потоа и од Движење на промена, додека пак од октомври 2015 до јули 2019 година беше во еден од потпретседателите на Парламентот.
На 26 март годинава 78-годишниот Кремастинос, беше примен во една од атинските болници на Одделот за интензивна нега откако беше констатирано дека е заразен со Ковид-19.
Сочувство и жалење за смртта на Кремастинос изразија премиерот и претседателката на Грција, претседателот на Парламентот, министерот за здравство, лидерката на неговата матична партија, Движење на промена.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
-

Филипче со нов повик до Мицкоски: Уставните измени да ги направиме заедно и да споделиме одговорност
