Поранешен грчки министер почина од Ковид-19
Поранешниот грчки министер од ПАСОК и поранешен пратеник од истата партија, а подоцна и од Движење на промена, Димитрис Кремастинос, по 44 дена, утрово ја загуби битката со новиот коронавирус и почина на 78 годишна возраст, јави дописничката на МИА од Атина.
По професија кардиолог, Кремастинос беше личен лекар на основачот на ПАСОК Андреас Папандреу, но и министер за здравство и социјално осигурување во неговата влада во периодот од октомври 1993 година до јануари 1996 година.
Беше пратеник во грчкиот Парламент 14 години, прво од редовите на ПАСОК, а потоа и од Движење на промена, додека пак од октомври 2015 до јули 2019 година беше во еден од потпретседателите на Парламентот.
На 26 март годинава 78-годишниот Кремастинос, беше примен во една од атинските болници на Одделот за интензивна нега откако беше констатирано дека е заразен со Ковид-19.
Сочувство и жалење за смртта на Кремастинос изразија премиерот и претседателката на Грција, претседателот на Парламентот, министерот за здравство, лидерката на неговата матична партија, Движење на промена.
Ново на Сител
-

Притвор од 30 дена за Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“
-

Најмногу дожд во Кавадарци – 15 литри на метар квадратен, најстудено утрово на Попова Шапка
-

Трамп им честиташе на демократите по поразот на републиканците на меѓуизборите во САД
-

Европската комисија ќе го претстави Пакетот за проширување за 2026 година
-

Македонските ракометари го пречекуваат Луксембург на стартот на квалификациите за ЕП 2028
-

Европа излегува на улици - Тридневни протести планирани во седум земји
-

Битола го слави денот на ослободувањето на градот 4-ти Ноември
-

Стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот
