Порака до младите: Остани чист не биде „муле“
Царинската управа повторно започна со презентации за подигање на јавната свест за последиците од неовластено производство, трговија, транспорт и конзумирање на дрога, чија целна публика се ученици од средните училишта во државата. Стручни лица од Царинската управа одржаа предавање пред учениците од средното училиште на град Скопје „Браќа Миладиновци“.
Царинската управа за првпат одржа вакви презентации во февруари 2014 година, кога беа посетени 7 средни училишта во Република Македонија (Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово и Битола). Презентациите под слоганот „Остани чист не биди –муле“ вклучуваат едукативен дел каде учениците се запознаваат со последиците во општеството од шверцот на дрога, но и за тоа кои последици ги сноси лицето кое е фатено во шверц на дрога. Потоа, присуствуваат и на сценирано откривање на дрога од царинско куче, со цел да знаат дека ништо не поминува незабележано.
Поради големиот интерес кај младата популација, презентации ќе се одржат во уште три средни училишта, по едно во Скопје, Тетово и Прилеп со цел пораката да стигне до што поголем број млади луѓе.
Податоците од евидентираните заплени на дрога на Царинската управа (како за илустрација, Царинската управа има запленето околу 3 тони дрога во последните 10 години), но и податоците на сите релевантни институции во државата, укажуваат на намалување на старосната граница на инволвираните во криумчарењето на дрога (од 14 до 30 години). Истовремено се намалува и старосната граница и на лицата евидентирани како корисници на дрога. Ваквите податоци беа причина Царинската управа, како институција свесна за социјалната и општествената одговорност да ги реактивира презентациите со цел да се делува превентивно и едукативно врз младата популација.
И овој пат очекуваме дека презентациите ќе бидат добро прифатени и дека соработката со Министерството за образование и наука за заедничко превентивно делување во заштита на младите ќе донесе позитивни резултати и ќе придонесе во намалување на трендот на вклученост на млади лица во нарко трговијата.
Ново на Сител
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка
-
Извршени десет претреси во Скопје, Неготино, Дојран и Битола во акцијата поврзана со криумчарење луксузни возила