Поради здравствени проблеми Вучиќ ја прекина посетата на САД и се враќа во Белград
Српскиот претседател е на пат кон Белград откако синоќа му се слошило при посетата на САД и побарал медицинска помош. По медицински преглед, донесена е одлука тој да се врати во Србија, јавија српските медиуми.
Како резултат на тоа, на претседателот на Србија нема да се појави на главните настани за кои дојде во САД меѓу кои и кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Вучиќ требаше да има средби и со конгресменката Клаудија Тени, Род Благојевиќ и српски претприемачи од САД. Со него во САД биле и министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ, јавија српските медиуми.
За што точно станува збор, кабинетот на претседателот Вучиќ ќе ја информира јавноста во наредните денови.
Најавената посета на Вучиќ на Москва на 9 мај сега е доведена во прашање, иако претходно изјави дека во никој случај нема да се откаже од неа, јави Бета.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска