Поради закани 45 новинари се подготвуваат да ја напуштат Албанија

Првиот човек на новинарската асоциација,Александар Чипа, вели дека во периодот 2017/2018 година се зголемува бројот на новинари кои побарале азил во земјите на ЕУ и САД ,поради опасностите во работата, а многу други бараат државјанство во други земји.
- Дванаесет новинари побараа азил во земјите на ЕУ и САД поради опасности во работата, додека 34 други побараа државјанство на друга земја. Речиси сите од нив имаат пополнети досиеја со докази и документи за заканите при извршување на нивната задача и се подготвуваат да заминат, изјави Чипа.
Само два дена по нападот со огнено оружје врз домот на родителите на позната истражна новинарка за криминалот, Клодијана Лала, закани доби и локален новинар во градот Лач.
За овие настани голема загриженост изкажа и Комесарот за правата во информирањето и заштитата на лични податоци,Бесник Дервиши.
- Се солидаризирам со двајцата новинари, кои последно добија закани,но и со сите новинари кои се физички нападнати или им се упатуваат разни закани,поради задачата и нивната тешка новинарска мисија. Сите ние треба да вложиме напори никогаш повеќе да не се случуваат вакви работи,- изјави Дервиши.
Новинарската асоциација, подржана од граѓанскиот сектор,по нападот врз куќата на родителите на новинарката Лала,врз која рафално беше пукано со автоматско оружје, на неколкупати протестираа во Тирана,барајќи поголема сигурност за своите и животите на нивните најблиски и нормално извршување на својата задача.
Чипа е скептик дека и овој,како и многуте други напади и закани врз новинарите,ќе остане нерасветлен.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
