Македонија
18. November 2018 - 20:19

Поради врнежи од снег во прекин сообраќајот на патот Берово-Виница

Од 18:10 часот  вечерва патниот правец Берово-Виница е во прекин за патнички и тешки товарни возила поради врнежи од снег, информира Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата. Се препорачува намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.

Поради обилните врнежи од снег од 17:00 часот патниот правец  Дреново – Прилеп е затворен за сообраќај на тешки моторни возила, а забрана за сообраќај на камиони беше воведена  и на планинските премини Стража и Плетвар.

По целосната блокада на сообраќајот на патот Куманово-Крива Паланка, каде  кај село Псача имаше сообраќајка,  од 17 часот патот е пуштен наизменично за сообраќај.