Поради влошена здравствена состојба одложен е концертот на Игор Џамбазов
Поради влошена здравствена состојба одложен е концертот на Игор Џамбазов, соопшти на социјалните мрежи неговата пријателка и колешка Весна Петрушевска. Џамбазов, како што пишува Петрушевска, утрово повторно бил хоспитализран во клиниката „Филип Втори“.
Концертот кој требаше да се одржи на 26 декември е презакажан за 14 февруари.
„Тој инсистираше да ја тера приказната до крај, но ние како негови другари и семејство (Тони Михајловски,Тамара Тодевска, Александра Јоревска, Аце Трендафил, Ботиљка, маестро тато Александар Џамбазов , сестра мила од Америка Тања Џамбазова, едвај го убедивме да се одложи концертот упорно повторувајќи дека младите бендови многу вежбале и ќе се разочарале …..за оние кои купиле карти ќе важат за наредниот датум (14.02.2016),како и тоа дека сите купени билети може да се вратат онлајн или во Југотон со фискална сметка во следните 10 дена .
ЏАМБО ФЕСТИВАЛ ќе се одржи ,битката против турбофолкот продолжува .Само Игор да ни е жив и здрав. Ве поздравува, живее за аплаузот кој вие му го давате безрезервно. Ви благодарам на разбирањето. Од името на Игор и неговото семејство, пријателите“ напиша Петрушевска.
Ново на Сител
-
Уапсени две лица, возеле мортус пијани
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск
-
ЦУК: Санирани пријавени оштетен мост пред Визбегово и пукната водоводна цевка
-
Протест во Париз против пресудата за Ле Пен
-
САД ги укинува сите визи за државјаните на Јужен Судан
-
Приведено едно лице, по друго се трага, за пукањето објавено на Фејсбук | ВИДЕO
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Тетово
-
„Рацете настрана“: Масовен протест во Вашингтон против политиките на Трамп и Маск