Поради случаи на Ковид-19, Бугарија нема да учествува на НАТО-маневрите во Црното Море
– Бугарското Министерство за одбрана пред седум дена ги извести НАТО и Генералштабот на Романија дека Бугарија нема да може да учествува во маневрите „Посејдон 21“ поради случаи на коронавирус, објави Бугарската национална телевизија (БНТ).
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Бугарија нема да учествува во НАТО-маневрите „Посејдон 21“, кои започнаа во Црното Море, бидејќи се откриени случаи на Ковид-19 на два брода на морнарицата на земјата.
Официјалната церемонија на отворање на маневрите „Посејдон 21“ се одржа во романското пристаниште Констанца. Претходно беше планирано во нив да учествуваат седум сојузнички земји – Бугарија, Грција, Шпанија, Романија, САД, Турција и Франција. Во вежбите, кои траат од 27 февруари до 6 март, учествуваат повеќе од 700 војници, 13 бродови и девет воени авиони.
Нивното сценарио вклучува епизоди на неутрализирање на подводни закани со хидрографски извиднички операции, откривање и отстранување морски мини и импровизирани експлозивни направи, мешани епизоди на борба против авиони, бродови и непријателски подморници, како и влечење оштетен брод, товарење во море и укажување прва помош …
„Маневрите Посејдон 21 се вклучени во програмата за комбинирана заедничка зајакната обука на НАТО (ЦЈЕТ)“. Нивната цел е да ги искористат оптимално можностите на НАТО за да ја зајакнат способноста на Алијансата брзо да одговори на тековните промени во регионалното безбедносно опкружување, соопшти романскиот Поморски штаб.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Пожарот во Тетово се шири кон Шар Планина, интервенираат пожарникари и полициски хеликоптер
-

Почина 72 годишен скопјанец на Инфективна – шеста жртва со западно-нилска треска
-

Лажни возачки за камиони и автобуси – внатрешната контрола на МВР истражува
-

Годишните извештаи на Совет на ЈО и Републичкото обвинителство за 2025 пред пратениците
-

Владата преговара со 5 до 6 потенцијални инвеститори за изградба на дата-центри
-

Дурмиши: Цените во маркетите засега се стабилни, инспекциите продолжуваат
-

Потпишан договорот за гасоводот Македонија-Србија, инвестицијата вреди 29,4 милиони евра
