Свет
17. August 2016 - 8:30

Поради силниот тајфун во Јапонија откажани се летовите и запрени се брзите возови

Тајфунот Омаис минатата ноќ ги погоди северноисточните и централните делови на Јапонија, јави ТАСС. 

Поради тајфунот откажани се летовите и запрени се брзите возови кои се движат меѓу перифериите Фукушима и Јамагата. 

Поради поројните дождови неколку патишта во префектурата Фукушима се под вода и нарушени се бродските врски меѓу островите Хокајдо и Хоншу. 

Сега тајфунот е над северноисточните префектури Ивате и Мијаги. 

Според прогнозата во вечерните часови тој ќе стигне до крајбрежјето на Хокајдо.