Поради санкциите, Русија би можела девизниот долг да го враќа во рубљи
Руското Министерство за финансии соопшти денеска дека ја одобри времената процедурата за отплата на девизниот долг, предупредувајќи дека ќе биде вратен во рубљи доколку санкциите ги спречат банките да плаќаат во валутата во која е издаден.
– Не се точни тврдењата дека Русија не може да ги исполни своите обврски од државниот долг. Ги имаме потребните средства за да ги сервисираме нашите обврски, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов.
Владата в среда треба да плати 117 милиони долари по две државни обврзници деноминирани во долари.
Министерството соопшти дека одобрило времена процедура со која банките им овозможуваат да плаќаат во странска валута, но наведе дека можноста за тие плаќања ќе зависи од санкциите.
На неколку руски банки им е забранет пристапот до меѓународната платежна мрежа SWIFT, што го отежнува трансферот на пари од Русија.
Доколку исплатите не се реализираат, Министерството за финансии ќе ги подмирува обврските по еврообврзниците во рубљи, порачува Министерството. Тоа би значело дека Русија не може да ги исполни своите обврски. Вредноста на рубљата достигна рекордно ниско ниво во изминатите недели.
– Замрзнувањето на девизните сметки на централната банка и на Владата може да се толкува како желба на неколку западни земји да изрежираат ситуација во која (Русија) нема да може да ги исполни своите обврски, истакна Силуанов.
Ново на Сител
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот