Македонија
16. July 2024 - 18:53

Поради пожарите затворен за сообраќај патот Неготино-Штип

Авто мото сојузот на Македонија попладнево информира дека поради пожарите затворен за сообраќај е регионалниот пат Неготино-Штип кај селото Пепелиште. 

Сообраќајот е во прекин за сите видови возила во двата правца. 

Во овој регион веќе неколку дена има активни пожари на неколку локации.