-->
-->
Поради оваа снимка, едни го нарекуваат таткото “легенда”, а други тврдат дека го злоставува својот син
-->
На “Viral Hog” се појавила снимка од еден татко од Охајо кој го чистел снегот на автомобилот – со својот син. Снимката станала хит на социјалните мрежи, но не на сите им се допаднала истата.Додека некои ја нарекуваат оваа идеја “генијална“ и таткото го нарекле легенда, други ја окарактеризирале како злоставување.
“Тука во Монклова, Охајо имаме многу снег. Мојот сопруг и детето излегоа да си играат со снегот, а јас го замолив да го исчисти нашето возило додека е надвор. Следно што знам, сопругот ме праша дали имаме селотејп некаде низ куќата. Излегов надвор само за да дознаам дека тој планира да ги залепи глуждовите и зглобовите на нашиот син за да не се натопи. Потоа го снимив ова видео во кое мојот сопруг го користи синот како алатка за отстранување снег, а тој многу се забавуваше!”, вели мајката која го снимила видеото.
И покрај фактот дека малиот е облечен во слоеви топла облека, некои на Јутјуб го нарекле ова “неприфатливо и одвратно” и го окарактеризирале како злоставување. “Глупави Американци” е уште еден од коментарите на Јутјуб.
“Не сум сигурен дали станува збор за злоставување или квалитетно поминато време помеѓу еден татко и син”, се прашувале некои.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протести во Краљево против претседателот Вучиќ
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
