Поради одрони од карпа од синоќа во прекин железничкиот сообраќај меѓу Велес и Битола
Железничкиот сообраќај од Велес кон Битола и обратно од синоќа е во прекин поради одрони од карпа на пругата меѓу станиците Стари Град и Мартолци, потврдија од велешката Железничка станица.
Како што информираат за МИА од јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Македонија“, на местото на настанот со две машини од утрово работат нивни екипи и најавуваат дека за два дена карпата ќе биде отстранета и пругата повторно оспособена за сообраќај.
Од јавното претпријатие „МЖ Транспорт“ информираат дека поради оваа ситуација, возовите од Велес до Битола и обратно се во прекин, а патничките возови од Скопје за Битола ќе сообраќаат до Велес и обратно, освен утринскиот воз кој од Скопје за Велес тргнува во 6:54 часот.
– Возот од Скопје за Гевгелија кој тргнува во 6:23 часот ќе поаѓа 30 минути подоцна и ќе сообраќа само до Велес, информираат од „МЖ Транспорт“.
Ново на Сител
-
Православните верници го слават Богојавление - Водици
-
Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025
-
Доналд Tрамп планира патување во Кина по инаугурацијата
-
Вучиќ: Наскоро референдум или избори
-
Хамас: Поради технички причини, Израел се уште не добил список на заложници
-
Студено со негативни утрински температури
-
Анчелоти може да добие отказ ако Реал Мадрид не се пласира во осминафиналето од ЛШ
-
Поради магла намалена видливост до 100 метри во Кочани, Страцин, Битола и Плетвар