Поради одмазада запален автомобилот на поранешен пратеник на ДУИ од Куманово
Поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ДУИ, четириесет и двегодишен М.Џ. од Кумново останал без своето возило марка „ГОЛФ“ откако поради одмазда триесетгодишен А.Р. го запалил неговиот автомобил.
Случајот вчера околу 01:40 часот по полноќ припадник на Територијлната против пожарна единица Куманово го пријавил во полиција, од каде веднаш биле преземени мерки и активности за расчистување на кривичното дело, а како можен сторител на делото бил приведен А.Р. со кој полицијата обавила разговор и констатирала дека по претходни расправии со М.Џ. кога на улицата „11 Октомври“ бр.60 во Куманово, го забележал неговото паркирано возило марка „Голф“ со регистарски таблички Ку-2420-АД поради одмазда решил да го запали при што првин со гориво - бензин го испрскал по предниот дел на хаубата, а потоа со запалка го запалил истото.
Од настанатиот пожар било зафатено и возило марка „Пежо 206“сопственост на Е.С. од Куманово кое било паркирано до возилото на поранешниот пратеник. Пироматнот притоа предизвикал значителна опасност по живтот или телото на луѓето или имотот од поголеми размери и материјална штета во износ од 792.000 денари.
Од страна на Територијалната против пожарна единица Куманово веднаш било излезено на лице место и пожарот бил изгаснат, а како што информираат од СВР Куманово, во тек е изготвување на кривична пријава за сторено кривично дело по член 288 од Казнаениот законик на Република Македонија.
-
Драган Ивановски
Сите содржини од овој новинар
