Поради новиот албум Цеца го блокираше интернетот
Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ вчера, по пауза од три години, го објави новиот албум „Автограм“ кој за само неколку секунди почнаа да го слушаат над милион луѓе. Интернетото тој момен го блокираа нејзините фанови, кои потоа непрекинато во текот на целиот ден го преслушуваа новиот проект.
Колку беа желни за новите ноти, говори и фактот што ЈуТјуб вчера се вжешти, додека најголем број прегледи засега има новата нумера „Трепни“, но и песната која ја сними со Тропико бенд.
Освен интернетот, вчера се вжештија и телефоните на Цеца како и на нејзините соработници Марина Туцаковиќ и Дамир Хандановиќ, зошто пријателите и колегите им ѕвонеле да им честитаат на новиот проект.
Многумина предвидуваат дека ова ќе биде најслушаниот и најдобриот проект на фолк дивата до сега, иако и е 16. по ред.
На адресата на музичката ѕвезда вчера пристигнуваа корпи со цвеќе, плишани куклички и други подароци што ги испраќаа фановите. За тоа време, плодовите од својата работа пејачката ги собира на Кипар, каде се одмара со семејството.
Ново на Сител
-
Можни ли се поплави во Македонија како во Босна и Херцеговина?
-
Партиски препукувања додека струмичани немаат вода за пиење
-
Тема на денот со Владимир Божиновски, политички аналитичар
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ