Живот
26. January 2018 - 0:00

Поради кражба на тестови, студенти морале да повторат испит

Студенти по историја на Виенскиот Универзитет морале повторно да полагаат испит, бидејќи некој ја обил канцеларијата на нивната професорка.

Според виенскиот дневник „Хојте", крадците со себе ги зеле тестовите коишто професорката уште не ги имала прегледано и оценето, како и листата присутни на испитот по „Историја на новото време".

Поради тоа, 33 студенти морале да го повторат испитот, за кој мислеле дека е завршен.

Се работи за третиот термин за полагање на тој испит.