Поради коронавирусот невработеноста во Словенија зголемена за речиси 20 отсто на годишно ниво

Бројот на невработени во Словенија се зголеми за 19,9 проценти на годишно ниво во април, како резултат на епидемијата на коронавирусот, достигнувајќи рекордно високо ниво за период од три години, објави Бирото за вработување.
Бројот на невработени достигна 88.648, што е за 13,9 отсто повеќе од март.
Словенија досега има пријавено 1.448 случаи на заразени со новиот коронавирус и 99 смртни случаи.
Бирото за вработување објави и дека бројот на нови понудени работни места во април е намален за 41 процент во однос на март и за 60 проценти во однос на април 2019 година. Повеќето понудени работни места се за во градеѓниот сектор и за возачи на камиони.
Од средината на март, Словенија ги затвори сите училишта, барови, ресторани, хотели, културни и спортски центри и многу продавници. Исто така, го запре јавниот транспорт и им забрани на луѓето да се собираат на јавни места за да се спречи ширење на вирусот. Многу компании мораа да престанат или го намалија производството поради намалена побарувачка или недостиг на делови.
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
