Поради дождот појава на ситни одрони на патот Делчево – М. Каменица
Ситни одрони од утрово прават проблеми на возачите кои сообраќаат на релација Делчево – Македонска Каменица. Одроните се најзабележителни на потегот после село Очипала како и на други делови за што возачи јавуваат за внимателно возење до сите кои планираат да патуваат на споменатата релација.
-Погребно е навистина умешност на одредени делови да се помине патот бидејки камчињата се ситни, но доволно големи да направат проблем доколку се вози со голема брзина, јавуваат возачи.
Како што додаваат, ваква е сликата на повеќе места на патот и иако има редари, поради дождот ситните одрони во текот на денот ќе бидат честа слика на релацијата Делчево – Македонска Каменица – Кочани.
Како што информираат од Јавното претпријатие ,,Македонија пат”, дежурните патари работат на отстранување на одроните на најкритичните места.
-На местото каде се забележливи најголем дел од одроните веќе имаме патари кои истите ги чистат од коловозот, но сепак, апелираме на претпазливост и внимателно возење од страна на возачите, велат од ,,Македонија Пат”.
Слична појава на одрони како што дополнија надлежните е забележлива на местата кои поминуваат низ клисури, а додадоа дека можни се одрони и на патот Берово – Виница. Од утрово сообраќакот во Пијанев и Малешевијата поради дождот се одвива по влажни коловози.
Ново на Сител
-
Беснее пожарот на Јасен, регионалниот пат Македонски Брод - Скопје целосно затворен
-
Тема на денот со Никола Најдовски, градоначалник на Демир Хисар
-
Градежните компании ги билдаат цените на становите, а не го плаќаат цел данок
-
Билјана Ивановска влегува во градоначалничката трка во Центар
-
Министерството за правда и ДИК бараат решение за независните кандидати
-
Младата Вања апелира министерството да обезбеди инсулински пумпи на сите пациенти со дијабетес Т1 на кои им е потребна
-
Судење за екс обезбедувачот на премиерот, се презентираа снимки
-
Македонското малцинство во Бугарија не постои во последниот извештај на Стејт департментот