-->
-->
Поради дефект жителите од повисоките делови на Македонска Каменица без вода за пиење
-->
Жителите на повисоките делови на Македонска Каменица од утрово се без вода за пиење. Од Јавното претпријатие информираат дека прекинот на водоснабдувањето е поради проблеми на главната водоводната линија.
- Поради дефект на главната водоводна мрежа ги известуваме граѓаните на Македонска Каменица дека делови од висока зона во градот ќе имаат прекин во водоснабдувањето. Екипите се веќе на терен и работата на санирање на дефектот. Очекуваме во текот на денот состојбата со водоснабдувањето да биде нормализирана, велат од ЈП „Камена Река”.
Додаваат дека по санирањето на дефектот ќе биде извршен третман за дезинфекција на водата поради што препорачливо е истата да не се користи во првите часови по санирањето на дефектот.
Од претпријатието дополнија дека во насока на обезбедување чиста вода за пиење во градот и селските средини досега се изградени шест од предвидените 10 хлоринатори, со кои на жителите од селските средини ќе им биде обезбедена чиста и здрава вода за пиење.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено