Македонија
17. May 2017 - 17:59

Поради дефект утре без вода Народна банка, намален доток во населбата „Пролет“

Поради дефект на водоводна цевка утре од 8 часот без вода ќе биде објектот на Народна банка, а корисниците од населбата „Пролет“ ќе имаат намален доток на вода.

Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЈП „Водовод и канализација“, соопшти дека прекинот ќе трае до отстранување на дефектот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 1.