Бизарно но вистинито
11. December 2015 - 16:27

Поради анорексијата била на раб на смртта: Сакав да бидам слаба за да ме прифатат

Анорексична тинејџерка била на чекор од смррта откако седум дена ништо не јадела, избегавајќи и секаков вид на течности - бидејќи се има калории, а таа сакала да биде слаба и популарна.

Се работи за Еле Лиетзов која поминала низ пеколот на анорексијата, притоа донесувајќи ги во очај своите родители и пријатели, а запрепастувајќи ги и лекарите. 

Кога имала 17 години за малце не умрела од анорексија. Поради изгладнување добила напад и паднала во безсознание па завршила во болница. Откако поминале седум дена нејзиниот индекс на телесна тежина изнесувал неверојатни 12 (BMI од 18,5 - 24,9), а на преглед лекарите утврдиле дека е запрена циркулацијата до екстремитетите, прстите на нозете и рацете и потемнеле.

- Сакав да бидам слаба за да ме прифатат сите - вели Еле од Мелбурн. 

Денес има 19 години и нормална тежина.

Имала само 35 килограми, косата и паѓала во прамени, ја изгубила менструацијата, ноктите и пукале - но Еле не забелажала ништо алармантно, сакала само да биде слаба. Пред анорексијата била спортист а на 15 години остварила норма за пливање за Олимписките игри.

- Пред да станам анорексична и да се претворам во костур, имав секогаш килогарми повеќе и другите деца ми велеа дека сум дебел кит - вели Еле. 

Почнала да оди на пливање и била многу успешна. На 15 години престанала да се занимава со спорт и се посветила на школото и пријателите. Јадела само риба и зеленчук. Кај нејзе се појавило пореметување во исхраната и за само 2 месеци изгубила повеќе од 12 килограми. Тогаш за прв пат завршила во болница. После тоа нејзиното семејство и пријатели, за да заздраве и носеле слатки и колачи. Ја терале да јаде па стигнала до тежина од 75 килограми, пренесува Деили Меил.

- Тогаш повторно се одлучив да почнам со диета - вели Еле. Во почетокот јадека само зеленчук и салати, а тогаш престанала да јаде. За неколку месеци загубила над 40 килограми, па пак завршила во болница.

- Лекарите се чудеа што сум жива - вели Еле. Заздравела па нејзиниот живот целосно се променил.

Денес пробува да ги инспирира другите и да им помогне во борба со пореметена исхрана, праќа пораки преку Јутуб и Инстаграм.