Поповски: Владата најтранспарентна во регионот, ќе работиме за уште подобри резултати
Владата на Република Македонија е на прво место во оценката за отвореност на Владите во регионот. Минатата година во исто такво истражување била на последно шесто место. Министерствата годинава, по истите критериуми, биле рангирани на трето место, а минатата биле исто така на последно. Најдобри оценки има Министерството за труд и социјална политика.
Ова го покажува истражувањето поддржано од ЕУ, со кое се мери отвореноста и транспарентноста на институциите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора.
- Ова е извонредно признание за еден од клучните приоритети на Владата за транспратентно и одговорно владеење во интерес на граѓаните, но истовремено и голема обврска и предизвик за натамошни подобри резултати, рече на денешната прес-конференција во Владата министерот Роберт Поповски.
Според резултатите, најголем напредок Владата на РМ бележи во индикаторот за свесност, 99,88 проценти, што се оценува преку стратешките документи, следливоста, мисиите, визиите и годишните извештаи.
Ова, рече Поповски, говори дека речиси стопроцентна е посветеноста на Владата за транспарентно и одговорно владеење. Владата, додаде, ќе се стреми на наредното истражување да покаже уште подобри резултати и заедно со сите министрстава да бидеме лидери за транспраеннот и отчетност не само во регионот туку и пошироко. На ваков начин, потенцира, се воспоставува нова политичка култура на владеење која ќе треба да ја следат и идните влади.
Проект-координаторката Лилјана Пецова-Илиеска од Метаморфозис, кој го изработи истражувањето, истакна дека вели дека во наредниот период е потреба дебата за тоа што од индикаторите не и исполнето и на што треба да се работи. Потребно, е додаде таа да се одредени индикатори за уште подобри резултати.
Таа појасни и дека Министерството за труд и социјала покажува најголем напредок, а оти Министерството за правда е единствено кое бележи пад за шест отсто во однос на сите можни индикатори. Министерствта, рече имаат посебни индикатори различни од оние кои се однесуваат на Владата.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице