-->
-->
Поповски: Ќе се реши проблемот со бездомните кучиња во општина Центар- ќе се гради прифатилиште по сите стандарди
-->

Се одбележува денот на борбата против беснилото, една болест која е опасна и за домашните миленици, но и за граѓаните. Затоа со преземањето на локалната власт предвидени се повеќе мерки за сузбивање и спречување на ширење на овие опасни болести, но и за решавање на проблемот со популацијата на бездомните кучиња.
Ова го истакна носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за општина Центар, Зоран Поповски.
-Предвидено е да се субвенционира микрочипирање и вакцинација против беснило, а исто така и бесплатна стерилизација на домашните миленици. Како втор чекор во решавање на проблемите со бездомните кучиња предвидено е да се изгради едно прифатилиште по сите стандарди каде што ќе може сите бездомни кучиња да бидат евидентирани, обележани, вакцинирани… за да може да се намали популацијата на кучиња бездомни во општина Центар, подвлече Поповски.
Предвидено е да се обезбеди и локација за погребување на домашните миленичиња, која ќе се утврди заедно со организациите, здруженијата и граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МВР: Саитов веќе бил казнет за возење без дозвола
-

Пронајдени боксирач и навредлив транспарент: Бугарин приведен и протеран од Македонија
-

Запален василичарскиот оган во водите на Охридското Езеро
-

Судскиот совет ќе објави оглас за избор на судија на Уставниот суд согласно новиот Закон
-

Од 30 на над 200 елени: Успешната приказна на репродуктивниот центар во НП Галичица | ФОТО
-

Одложено судењето за екс претседателката на ДКСК Димитровска – Апелација сѐ уште не одлучила за надлежноста на обвинителството
-

Медведев со порака до Трамп: Побрзајте или Гренлад може да посака да се припои кон Русија
-

УЈП: До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници
