Поповолни економска состојба очекуваат раководителите на претпријатијата
Економската состојба во деловните субјекти во јуни годинава во однос на претходниот месец и во однос на јуни 2017 година е поповолна. Поповолна е состојбата со порачките и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци.
Ова е оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2018 годин објавена од Државниот завод за статистика.
Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2018 година е зголемен за 0,3 процентни поени во однос на мај 2018 година и изнесува 19,8, а во однос на јуни 2017 година е зголемен за 2,4 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2018, во однос на мај 2018 година, е поповолна во однос на претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на мај 2018 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна е и во однос на јуни 2017 година. Се очекува бројот на вработени да порасне.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2018 година изнесува 67,8 отсто од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 22,7 отсто, недоволната домашна побарувачка со 18,7 отсто, недоволната странска побарувачка со 17,5 отсто и неизвесното економско опкружување со 10,4 отсто
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа