Поповолна економската состојба во преработувачката индустрија
Според оценката на раководителите на фирмите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври годинава е за 0,8 проценти зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на октомври лани е зголемен за седум проценти.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2015, во однос на септември 2015 година, е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, а залихите на готови производи сe намалени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври годинава е поповолна во споредба со претходниот месец, а како поповолна е оценета и во однос на октомври лани. Таква е оценката и за бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври годинава изнесува 64 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 23,9 проценти, недоволната домашна побарувачка со 23,8 проценти, недоволната странска побарувачка со 23,7 проценти и конкурентниот увоз со 6,8 проценти.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат