-->
-->
Попоски на панел-дискусија „Дали Европа има потреба од нов пристап кон миграцијата” во „Чатам Хаус“, Лондон
-->

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на панел-дискусија на тема „Дали Европа има потреба од нов пристап кон миграцијата,” што денеска попладне се одржува во Лондон, Велика Британија.
На настанот, соопшти денеска МНР, ќе се дискутираат актуелните прашања и предизвици со кои се соочува Европа во светло на мигрантската криза, со осврт врз ангажманот на владите и останатите релевантни чинители во справувањето со истата. Посебен акцент, се посочува, ќе биде ставен на можните решенија и евентуалниот нов пристап во менаџирањето на хуманитарниот, безбедносниот и останатите аспекти на мигрантската криза.
Панел-дискусијата е во организација на Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам Хаус“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на ДКСК Ристовска
-

СДСМ: Случајот Груби е режија
-

ССМ ја напушти седницата на економско социјалниот совет
-

ДКСК: Финишира предметот за Цвета Ристова
-

Калиманци полна, стартува наводнителната сезона во Кочанско
-

Аерозагадувањето проблем и во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
