Попоски: Меѓу Грција и Македонија има планини во однос на спорот за името
Во однос наметнатиот билатерален спор, како и во географијата, меѓу нашите две земји се навистина планини, изјави министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски по денешната средба во Атина со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, јави дописникот на МИА.
Попоски информира дека со Коѕиас разговарале за повеќе теми, констатирано е каде имаат различни ставови, при што се обиделе да се фокусираат на она што е значајно за двете земји.
- Нашите средби најчесто се поврзуваат со наметнатиот билатерален спор и во однос на спорот, како и во географијата, меѓу нашите две земји се навистина планини, истакна шефот на македонската дипломатија.
Од друга страна, без разлика на тоа, Попоски нагласи дека двете земји имаат многу слични стратешки интереси, и оти Македонија има стратешки интерес за одлични длабоки односи со Грција поради што во тој правец треба да се развиваат и билатералните односи.
На средбата е разговарано и за мерките за градење доверба кои, како што рече Попоски, можеби се симболични, но се многу значајни во поголем број области, вклучително и економската, културната и образовната соработка.
- Разговаравме и за подиректна соработка во делот на европските интеграции. Надвор од спорот со Грција можеме да споделиме искуства кои можат да ни бидат корисни во процесот на пристапување кон Унијата, изјави шефот на македонската дипломатија.
Тој подвлече дека е добро соработката која се воспоставува меѓу двете министерства за надвоешни работи да биде пресликана и во другите сегменти и инситутции меѓу двете земји.
- Во услови на критична ситуација, како онаа со мигрантската криза, значајно е ова да се преслика и во нашата соработка и во делот на справување со мигрантската криза. За двете земји е значајно да имаме најхуман и најбезбеден начин за обезбедување на транзит на мигрантите низ сопствената територија. Мислиме дека ЕУ може да придонесе во овој контекст и затоа сметам дека некои сигнали на подобрена соработка на теренот се добар индикатор како можат да се движат работите во иднина, рече Попоски и доаде дека е видливо оти од двете стани се вложуваат напори за подобрување на целокупната клима.
- Без оглед на најголемата разлика, од двете страни на границата имаме интерес за подобра соработка, истакна македонскиот министер.
Коѕиас рече дека исламистичките екстремисти и сирискиот конфликт создадоа голем проблем со бегалците и овој проблем е глобален кој оди пошироко од Европа.
Тој информира дека со Попоски разговарале за потенцијалите за понатамошна соработка во многу сектори, полиња, како што се економијата и туризмот, при што потсети дека Грција е најголем инвеститор во Македонија, за владењето на правото во регионот, борбата против организираниот криминал и многу други прашања.
- Разговаравме и за европската перспектива на соседната земја и како во однос на ова можеме да го пренесеме нашето искуство и знаење, рече Коѕиас
Тој додаде дека имале и многу интересна дискусија за енергетскиот сектор и за поврзување на Македонија со енергетскиот систем на Грција.
- Двајцата сакаме да имаме добра соработка меѓу двете земји, сакаме да ги изолираме гласовите на екстремизам, национализам и иредентизам, сакаме да ги интензивираме дискусиите во рамките на ОН за централното прашање за името и верувам дека и двајцата сме многу среќни за иницијативата што ја презедовме за мерките за градење доверба, нагласи Коѕиас.
Македонскиот министер за надворешни работи денеска во Атина треба да се сретне и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, со алтернативниот министер за јавен ред и цивилна заштита Никос Тоскас и со првиот потпретседател на Парламентот Анастасиос Куракис.
Ново на Сител
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ
-
На новогодишната ноќ стабилно, суво и студено време
-
Приведен криминалец од Грчец баран со потерница
-
ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот
-
Дојран се полни за новогодишните и божиќните празници
-
За една недела санкционирани 142 непрописно паркирани возила во Општина Центар