Попоски: Македонија нема да биде претворена во бегалски камп

Секој треба да си ги исполнува своите обврски. Ќе обезбедиме за секој основан барател на азил во Република Македонија сместување и сите оние третмани за кои сме обврзани на меѓународно ниво, но во никој случај нема да дозволиме да бидеме претворени во бегалски камп бидејќи ниту еден мигрант не е дојден во Македонија со падобран, туку се влезени на наша територија од земја-членка на ЕУ.
Ова го порача министерот за надворешни работи Никола Попоски во одговор на новинарско прашање по средбата во Скопје со неговиот чешки колега Љубомир Заоралек.
- Ќе обезбедиме хуман и безбеден транзит за сите, ќе ги примениме оние одлуки кои се донесени на европско ниво, ќе соработуваме како што сме соработувале досега и со Грција и со сите други земји членки кои ни помагаат, вклучително и Чешката Република, рече Попоски.
Нагласи дека на средбата со Заоралек покрај за мигрантската криза се говорело и за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и за економската соработка меѓу Чешка и Македонија.
Чешкиот министер истакна дека Прага и понатаму останува на своите ставови за прием на Македонија во ЕУ и НАТО и нагласи дека земјата е во групата пријатели на Македонија. Додаде дека заедно со него е дојдена и поголема група бизнисмени од Чешка кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија.
Двајцата министри оценија дека политичката соработка меѓу двете земји е одлична и нагласија дека економската соработка може да се унапредува иако во последниве неколку години бележи нагорен тренд и размената од 50 милиони евра е зголемена на 100 милиони евра годишно. Ги посочија енергетиката и туризмот како главни гранки во кои може да се унапреди економската соработка меѓу двете земји.
Ново на Сител
-

ЦУК: Попладнево зголемен ризик од појава и брзо ширење на пожари на отворен простор и шумски пожари поради многу висок FWI
-

Гори ниска вегетација, дрва и пченка во Горно Лисиче и депонијата на излезот од Крива Паланка
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и многу топло
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
