Попоски: Договореното да се испочитува
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска изјави дека вчера постигнатиот меѓупартиски договор е важно да се испочитува, бидејќи тоа е клучно за надворешната политика на Македонија и ќе значи позитивна препорака од ЕУ.
- Претрпевме преголема штета од политичката криза во изминатиот период и мислам дека секој исчекор кон намалување на неизвесноста и некоја поголема видливост за тоа кога би можеле да одржиме избори е позитивна работа за Република Македонија, смета Попоски.
Според него, сега е важно договореното да се испочитува, што е клучно за надворешната политика на Македонија и позитивна препорака од ЕУ.
- Од друга страна треба да бидеме свесни дека немаме проблем со луѓе кои имаат проблем да се договорат, проблемот е повеќе да го одржат она што се договориле. Позитивен сигнал е во однос на ЕУ, бидејќи очекуваме извештај за напредок во октомври, а без договор за избори веројатно тој извештај би бил многу понегативен. Ние правиме се што можеме за препораката да остане, рече Попоски.
Истакна дека договор не е доволен за препорака, туку важно е тој да се спроведе во пракса. - Тоа зависи и од развојот на настаните во следниот период. Со други зборови, многу побитно ќе биде тоа што е договорено да се спроведе во пракса и затоа мислам дека треба да апелираме до сите, вклучително и оние чинители кои во изминатиот период покажаа дека може да се договорат, а да не спроведат тоа што се договориле, да се обидат сега да излезат од таа матрица, бидејќи штетата ќе биде преголема за цела држава, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски.
Ново на Сител
-
Бајден: Да бев на местото на Израел ќе размислев дали да ги гаѓам иранските нафтени постројки
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, наместа засилен ветер
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство