Попоска Треневска на комеморацијата во Матхаузен

Во концентрациониот логор Матхаузен во близина на Линз, горна Австрија, денеска се одржа комеморација за над 130.000 жртви на нацизмот кои ги загубија животите во перидот 1938 - 1945 година.
Присуствуваа австрискиот претседател Фишер, министри на австриската влада, претставници на боречки организации од повеќе земји и преживеани логораши, додека од името на Македонија, почит на жртвите со полагање венец им оддаде вонредниот и ополномоштен амбасадор во Австрија Васика Попоска Треневска.
На комеморацијата имаше и претставници на триесетина европски земји, како и претставници од Кина, Индија, Куба и Австралија.
Беше изведена пригодна програма во рамки на која беа упатени пораки на повеќе европски јазици. Пораката на македонски јазик ја прочита Галена Попоска Треневска.
Матхаузен на 15 мај 1945 година го ослободија американските војници.
Ново на Сител
-

Одбраната на Васе Анакиев тврди дека тој не барал поткуп, обвинителството тврди дека поседува цврсти докази
-

WIK отвора нов погон во ТИРЗ Прилеп за поправка на кафе апаратите од цела Европа
-

Димитриеска-Кочоска: Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне
-

Тензично во советот на Кисела Вода
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
