Поплави во Краина, најлоша состојба во Босанска Крупа, Нови Град и Костајница
Дождот што со денови паѓа предизвика поплави во повеќе градови во Унско-санскиот кантон во Федерацијата Босна и Херцеговина, додека вонредна состојба е прогласена во Костајница и Нови Град во Република Српска.
Во Унско-санскиот кантон најлоша е состојбата во Босанска Крупа, каде голем дел од градот е поплавен, а водата навлегла во приземјето на бројни куќи и згради.
Патиштата се затворени за сообраќај, а спасувачките чамци се во подготвеност на сите критични точки. Евакуирани се сите граѓани кои се наоѓале во критичните места.
На седницата на општинскиот штаб за вонредни состојби утринава е прогласена состојба на елементарна непогода во Нови Град во Република Српска.
Поради поплавите наставата е во прекин во сите основни и средни училишта. Тешка е состојбата и во Костајница каде вчера попладне беше прогласена вонредна состојба.
Поради излевање на реката Уна, целосно е прекинат сообраќајот на излезот од Нови Град кон Козарска Дубица. Водостојот на реките Сана и Уна се уште расте.
Ново на Сител
-
Уапсена раководителка во железницата на Србија во врска со несреќата на Железничката станица во Нови Сад
-
Лавров: Русија ќе ги прекине непријателствата кога ќе го добие она што го сака во преговорите
-
За една недела санкционирани 149 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Викендов 718 казни за брзо возење
-
ЕУ: Меѓународната заедница треба да се фокусира на постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина
-
Ја тепал па ја силувал во автомобилот на татко му, 37 годишен скопјанец осомничен за силување
-
Макрон му честиташе на Мерц: Порешителен од кога било за заедно да правиме големи работи
-
Анчелоти: Реал во одлична форма му пристапува на најважниот дел од сезоната