Македонија
17. March 2018 - 14:58

Поплавено кафуле во Охрид, силниот ветер го разбрани езерото

Кафуле кое се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро е полно со вода, откако силниот ветер денес ги разбрани водите на езерото.

На социјалните мрежи кружи видео на кое се гледа како бранови буквално влегуваат во кафулето и го поплавуваат.