Поплавени објекти и реки пред излевање - големи проблеми во Словенија
Обилните дождови и силниот ветер втор ден предизвикуват проблеми во Словенија. Властите попладнево излегоа со предупредување за загрижувачки раст на водостоите на повеќе реки во централниот и јужниот дел на земјата, јави дописникот на МИА од Љубљана.
„Жолта” алертна фаза за опасност од излевање на реките и поплави веќе е прогласена. Најкритично е во средниот тек на Сава, Љубљаница, Драва. Со вода забрзано се полнат и Крашките полиња.
Веќе се поплавени делови од приморјето, а на некои места на крајбрежјето длабочината на водата која се изли е 30 сантиметри.
Пожарникарите од 21 противпожарен дом, мораа по повик да се вклучат во испумпувањето на вода од повеќе домови, штали и деловни простории, пред се во општина Словен Градец. Според најавите на метеоролозите врежите од утре постепено ќе престануваат.
Ново на Сител
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце
-
Тема на денот со Мартин Костовски, кандидат за Куманово и организациски секретар на СДСМ
-
Реакции по извештајот за напредокот на Македонија
-
Рокас: Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со членство во ЕУ
-
Георгиев: Спречивме Мицкоски да го искористи ЕП за политичка пропаганда
-
Приведени три лица за кои постои сомнение дека подметнувале пожари
-
18 лица побарале помош на Токсикологија како последица од пожарите
-
Обвинувања околу справувањето со пожарите