Поплавени куќи и улици во Тетово
Силниот и интензивен дожд што доцна попладнево и вечерва ја зафати Општина Тетово е причина за зголемување на бројот на повици до пожарникарите од страна на луѓе кои имаат потреба од нивна интервенција.
Пожарникарите таков повик добиле од Желино каде комби возило поради насобрана вода кај подвозникот во правец кон Сиричино останало заглавено во поплавениот дел од коловозната лента. Четворицата пожарникари кои биле на интеревенција со нивното возило и влечење со јаже го извадиле возилото во кое имало 11 интервенции.
Полицијата го пренасочува сообраќајот кај булеварот „Благоја Тоска“ на последниот кружен тек кај касарната каде редовно се поплавуваат коловозните ленти, поради интервенција на комуналното претријатие.
- Во моментов имаме интервенции по неколку повици во Мала и Голема Речица, каде се испумува вода од куќи и нивните дворови и подруми, информираше Авни Амети, командир на тетовската противпожарникарска единица.
Пред две недели, на 20 септември, силен дожд предизвика делумно поплавување на улици, дворови и куќи во градот како и во Мала Речица.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење