Поплавена северозападна Албанија
Голем регион во северозападниот дел на Албанија е под вода откако реките Буна, Дрим и Скадарско Езеро, достигнаа критични нивоа и се излеаја.
Министерството за одбрана денеска објави дека 9.230 хектари обработливо земјоделско земјишта и ливади во околината на Скадар, на стотина километри северно од главниот град Тирана, се под вода откако реката Буна го надмина критичното ниво со 10 см.
Со цел да се заштитат браните од пукање вишокот вода, се испушта од трите Хдролектрани на каскадата на реката Дрим: Фиерза,што е втора по големина на Балканот,Коман и Вау те Дејес,што дополнително ја влошува состојбата со поплавените подрачја.
Претседателката на општина Скадар, Волтана Адем,побара прогласување вонредна состојба
Во меѓувреме водата од ХЕ„Фиерза“ поплави голема голема земјоделска површна во селото Брегум околија Кукс.
Во повеќе делови има појава на свлечишта и оштетен мостови од лизгање на земјиштето.
Армиските воени сили дистрибуираат храна и вода за пиење на луѓето и на добитокот во изолираните области.
Ново на Сител
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените
-

Николоски: Продолжува поддршката за Општина Струга, заеднички работиме на големи инфраструктурни проекти
