Македонија
15. March 2022 - 11:43

Попладне со мала до умерена локална облачност, температура до 17 степени

Времето попладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура, како што соопшти УХМР, ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени.

Во Скопје попладне со мала до умерена облачност и температура до 14 степени.

И утре ќе се задржи стабилно и релативно топло време. В четврток ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а на планините снег. Поради спуштање на студена воздушна маса в петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален слаб снег. Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.