Попладне почнуваат преговори меѓу Северна и Јужна Кореја
Високи претставници на двете корејски држави ќе започнат преговори денеска попладне, соопшти портпаролот на јужнокорејското претседателство, пренесува БТА.
Северна Кореја и се закани на Јужна со „тотална војна", доколку до 8.30 часот по Гринич денеска, Сеул не престане со пропагандата емитувана на звучници преку границата.
Средбата меѓу претставниците на двете корејски држави - од Јужна Кореја министерот за обединување и претседателскиот советник за национална безбедност, од Северна - висок претставник на Министерството за одбрана и секретар на Корејската работничка партија, ќе започне во 9 часот по Гринич во пограничното село Панминчжон, во демилитаризираната зона.
Амбасадорот на Северна Кореја во ОН се закани вчера со воени дејствија доколку Јужна Кореја не престане емитувањето на пропагандни пораки преку границата. - Ако Јужна Кореја не го исполни нашиот ултиматум, нашата воена реакција ќе биде неизбежна и многу силна, рече амбасадорот.
Предлогот за преговори е поднесен вчера од Северна Кореја, а Сеул одговори денеска.
Тензиите на Корејскиот полуостров нагло се зголемија откако во четвртокот двете страни разменија артилериски оган.
Ново на Сител
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче, прво откако сведокот Гоце Трајковски минатата недела сам се пријави во полиција
-
Осумдесет години од ослободувањето на Аушвиц: Преживеаните зборуваат, светот да слуша
-
Бела куќа: Колумбија се согласува со условите за депортација на мигранти
-
Лукашенко го освои седмиот мандат со 87,6 отсто од гласовите
-
Сончево со мала до умерена облачност, магла по котлините
-
И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците
-
АМСМ: Намалена видливост поради магла кај Д.Капија, Петровец – Велес, Битола и Прилеп
-
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош