Попладне невреме ќе ја зафати Македонија
Во попладневните часови на повеќе места во Македонија ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, особено во планинските предели, информира УХМР.
Оттаму посочуваат дека и утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, особено во југоисточните делови.
Според УХМР, периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури ќе продолжи.
- Уште потопло се очекува да биде од четврток, кога поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла и сува воздушна маса, времето ќе биде претежно сончево. Вдолж Поварадарието и во Пелагонија температурата ќе достигне до 40 степени, а не е исклучено во петок и сабота на места д до надмине и 40-иот степен, соопшти УХМР.
Ново на Сител
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ
-
Партиите се скараа чиј е патот Страцин - Крива Паланка?
-
Колку ќе загуби македонската економија во влезот на Бугарија во Шенген зоната?
-
Град Скопје обвинува: Од 15 институции надлежни за загадувањето, реагираме само ние
-
Работа и по пензионирање