Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер(над 60 км/ч) и појава на град.
Максималната температура во земјава ќе биде во интервал од 28 до 35 степени.
Во Скопје умерено облачно, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
Утрово најниска температура од 10 степени целзиусови е измерена во Лазарополе и 12 во Маврови Анови, а највисока во Гевгелија, Велес и Струмица, каде се регистрирани 20 степени целзиусови.
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Демир Капија - 38 литри на метар квадратен, а најмалку во Охрид, Пожаране, Крушево, Берово, Ѓуриште, Кавадарци, Струмица, каде наврнал 1 литар на метар квадратен.
Од УХМР појаснуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управата, и оти поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот