Пописот утре сепак формално ќе почне
Пописот стартува утре согласно постојниот закон. Собранието вечерва не ги направи законските измени за негово одложување пред официјалниот старт на статистичката операција. Сепак, согласно политичкиот договор на лидерите Заев и Мицкоски пописот ќе биде одложен за септември со законски измени кои ќе бидат направени во наредните неколку денови, уверуваат од власта и од опозицијата.
До тогаш важат постојните законски одредби, вели министерот за правда Маричиќ. Презмемените дејствија на попишувачите во овој меѓупериод ќе важат.
Првиот човек на Стататистика Симовски не сакаше да коментира што откако Собранието не го одложи пописот навреме. Вели дека согласно законот се прават потребни технички подготовки. Неофицијално, попишувачи утре ќе излезат на терен, но ќе прават само обиколки за да се запознаат со локациите на кои ќе попишуваат.
Пописот не беше одложен навреме поради тоа што албанската опозиција, по целодневни преговори и координации и со премиерот Зоран Заев и со собранискиот спикер Џафери, остана на ставот да ја блокира работата на парлементот поради законот за државјанство.
Преговорите продолжуваат и утре. Сепак, ова нема да го попречи конечното одложување на пописот. И со илјадници амандмани на законските измени од страна на Алијанса и Алтернатива комисиската расправа трае само дена бидејки законот е со европско знаменце и по скратена постапка.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар