Живот
22. July 2018 - 14:49

Поодвратно не може да биде: Отворен мистериозниот саркофаг во Египет, археолозите ги удри непријатен мирис од внатрешноста

Од моментот на пронаоѓањето на мистерозниот саркофаг во египетска Александрија, на едно градилиште пред неколку дена, тргнаа чудни приказни, но иако љубителите на митови и окултизам останаа разочарани, немаат крај бизарностите.

Имено, археолозите, успеаја да отворат саркофаг стар 2000 годин, но и да занемат од непријатниот мирис кој допираше од внатре.

Веста дека во гробницата се пронајдени три човечки скелети кои пливаат во отпадни води, ја следеше и фотографија на која се гледа темна заматена течност поради чија неподнослива смрдеа морале дури и да ја прекинат акцијата и да почекаат саркофагот да се проветри.

Глетката од која многумина се згадија, кај некои предизвика желба и тоа верувале или не - за пиење.

Можно е да почна како ѓега, но за неверување е тоа што над 5.000 луѓе потпишаа петиција на интернет на луѓето да им се дозволи да го пијат „сокот од мумиите и да ја добијат нивната моќ“.

Иако идејата е одвратна до толку што на секој нормален ќе му се згади, под петицијата се појавија мноштво коментари, за среќа главно со шеговита содржаина, па така се редеа и предлози за името како „древен енергетски пијалок“ до наводните борци за слобода кои вклучуваат и слобода да се „послужат со сок од коски“.