Пониква: Со автомобили возеле по ски-патеката и ја оштетиле
Несовесни граѓани со автомобили во текот на ноќта возеле по ски-патеката број 1 на Пониква и ја онеспособиле за скијање.

– Снегот што падна во текот на изминатите неколку денови ни овозможи одлично да ги подготвиме патеките за скијање, со оглед што за продолжениот празничен викенд очекуваме зголемено присуство на гости. Сепак, нечие несовесно однесување и возење по снежната патека, без разлика дали е намерно или е резултат на нешто друго, често ни создава вакви проблеми. Бараме надлежните да поведат поголема контрола и да го санкционираат таквото дивеење, истакна Благој Манев, управител на фирмата „Еуроком“.
Инаку, пред почетокот на оваа скијачка сезона двата ски-лифта на Пониква беа целосно реконструирани за што беа обезбедени 4,8 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа и од буџетот на Општина Кочани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника