-->
-->
Помпео: САД и ЕУ водат сложени разговори за повторно воспоставување на взаемните патувања
-->
Вашингтон и Брисел водат сложени разговори за повторно воспоставување на патувањата меѓу САД и ЕУ, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео во телефонски брифинг за новинарите.
Тој истакна дека разговорите се во доменот на тоа како најдобро да се постапи од научен и епидемиолошки аспект за да се намали ризикот од ширење на новиот коронавирус.
Постои длабока потреба и желба да се отвори глобалната економија, луѓето да можат слободно да се качат на авион и да патуваат, за туризам или бизнис, истакна Помпео.
Тој додде дека во разговорите со ЕУ, од американска страна вклучено е Министерството за транспорт, кое планира брзо, на најсигурен и најбезбеден начин да се воспостават взаемните патувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток