Помпео ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид
Американскиот државен секретар Мајк Помпео по денешните средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во Охрид, ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“.
Помпео беше пречекан од поглаварот на Македонската православана црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и владиката Дебарско-кичевки, Тимотеј.
При посетата на црквата „Света Богородица Перивлепта“, Помпео беше придружуван од помошникот државен секретар Филип Рикер, амбасадорката на САД Кејт Мари Бернс и советниците Мери Кисел и Рики Вадел.
Црквата „Света Богородица Перивлепта“, како значајно црковно и културно богатство, неодамна беше реновирана и заштитена со средства обезбедени преку програмите на УСАИД и посебниот амбасадорски фонд за заштита на цивилизациските артефакти на културно и историското наследство, од кој беа издвоени 650 илјади долари.
Со поддршка од САД која досега се обновени и реставрирани и Националната галерија на Северна Македонија, Шарената џамија во Тетово, Златковата кула во Кратово, мозаикот во археолошкиот локалитет Стоби, како и манастирот „Света Богородица Елеуса“, во Вељуса, Струмичко.
Ново на Сител
-
Како да се „спасат'' Преспанското и Охридското Езеро?
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела