Помпео: Договорот од Преспа е чекор кон стабилност во регионот

Договорот од Преспа е чекор кон стабилност во регионот, рече американскиот државен секретар Мајк Помпео за време на обраќањето во културниот центар „Ставрос Ниархос“ по средбите со неговите домаќини, jави дописничката на МИА од Атина.
Помпео говореше за предизвиците со кои што Грција се справува, како што рече „покажувајќи го патот напред“ и во тој контекст ги наброја темите меѓу кои и „Балканот кој останува регион на стратешки натпревар“, Русија, бегалското прашање, Кина, енергетските извори и слично, а кусо го спомена и Договорот од Преспа.
– Она што е одлично за сето ова е тоа што ние гледаме дека Грција се справува со овие предизвици, покажувајќи го патот напред, тоа го обезбедивте со Договорот од Преспа, што е чекор кон стабилност на Балканот, санкциите за Русија за инвазијата во Крим и источна Украина, го одбивте иранскиот танкер со нафта, рече американскиот државен секретар во неговото обраќање.
Помпео рече дека Грција почнала да го гледа светот како што го гледаат САД и затоа се проширува партнерството, „кое веќе е на најдобро ниво од било кога“.
Ново на Сител
-

Одбраната го оспорува градежното вештачење за „Пулс“
-

Вашингтон најавува економска офанзива против Иран - Санкции и за земјите што ќе му помагаат на Техеран
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
