Помош за семејствата со прваче во општина Аеродром
Околу 360 родители кои имаат дете првоодделенец поднеле барање за еднократна парична помош во висина од 3.500 денари што ја доделува општина Аеродром.
Од општина Аеродром информираат дека првпат годинава доделуваат по 3.500 денари за секое прваче и оти за оваа цел имаат издвоено околу три милиони денари од сопствениот Буџет.
Родителите информациите во врска со поднесувањето на барањето за еднократната парична помош можат да ги најдат на интернет-страницата на општина Аеродром, на линкот http://aerodrom.gov.mk/
- Уплатата на средствата е планирано да почне при крајот на месецот, односно по 20 август, така што родителите ќе ги имаат на располагање средствата на самиот старт на учебната година, соопшти општина Аеродром.
Граѓаните за овој проект беа информирани уште пред неколку месеци, преку медиумите и училиштата. Во општина Аеродром годинава има 816 првоодделенци.
Ново на Сител
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Започнува изградбата на автопатот Тетово - Гостивар
-
Средба Мицкоски - Таравари во текот на неделава
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост