Помош од општина Зрновци за настраданите во поплавите во Скопско
Во општина Зрновци продолжува акцијата за собирање помош во вода, храна, пелени и други предмети за настраданите во поплавата во Скопско. Собирниот пункт се наоѓа пред општинската зграда, а жителите можат да донираат секој ден од 8 до 16 часот.
- Општината организирано пристапи кон обезбедување помош за настраданите од поплавите во Скопско. Веќе петти ден дваесетина граѓани од Зрновци работат на расчистување на теренот во Сингелиќ, каде им помагаат на жителите во надминување на последиците од поплавата, изјави градоначалникот Блаже Станков, кој изминатите дена беше со екипата доброволци од општина Зрновци.
Според Станков, собраната помош во текот на утрешниот ден ќе биде доставена до Црвениот крст во Скопје, а од таму до оние на кои им е најпотребна.
Акцијата за помош на настраданите во Скопско, во општина Зрновци ќе продлжи и наредната недела.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите