Помош од Куманово за настраданите во невремето во Скопје
Општина Куманово испрати две противпожарни екипи и уште една екипа од ЈП „Водовод“ со три лица за интервенција во зафатеното подрачје од невремето што синоќа го зафати Скопје и првична помош на засегнатото население.
- Претпладнево одржавме состанок во општина Куманово со надлежните од локалната власт и јавните претпријатија од градот и испративме две возила од ТППЕ Куманово со осум луѓе, две пумпи и едно возило-цистерна за извлекување вода со екипа од тројца вработени од ЈП „Водовод, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Илиевски нагласи дека ова е првична помош од општината и дека надлежните институции од општината се во состојба на подготвеност и ќе се чека на насоките на надлежните институции за каква било понатамошна интервенција и помош за граѓаните од засегантото подрачје по синоќешното невреме кое го зафати Скопје.
Денеска и граѓаните преку социјалните мрежи се организираат да помогнат на населението од зафатените подрачја.
Унијата на жени и Унијата на млади сили од ВМРО-ДПМНЕ Куманово, денеска на градскиот плоштад организираа собирна хуманитарна акција за населението кое претрпе штети од невремето што го зафати Скопје. Акцијата информираше потпретседателот на Унијата на млади сили на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Перовиќ започна во 14 и ќе трае до 19 часот.
- Ја користиме оваа прилика да ги повикаме сите граѓани кои што се во можност да донираат вода или хигиенски средства кои ќе ги поделиме на настраданите семејства, изјави Перовиќ.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија